понеделник, 27 април 2009 г.

ИЗБОРНА НАСТАВА

Почитувани ученици!
Како што знаете во наредната учебна 2009/10 година,ќе преминете во трета година.
Според наставниот план за трета година конфекциски техничар (КТ),освен општо и стручно образование и практична обука како задолжителна настава,застапена е и изборна настава.
Во делот на изборна настава се застапени предмети од
  • општо образование (Математика и Хемија)
  • стручно образование (Технологија на конфекционирање,Конструкција и моделирање на облека)
  • практична обука (Практична настава)
групирани како пакет „А“ и пакет „Б“со 2 часа неделен фонд за секој предмет од пакетот односно 4 часа неделен фонд за секој пакет.Пакет „Б“ се состои од три можни подпакета од кои одбирате еден.Види табела подоле
До крајот на месец мај,учениците потребно е во консултации со родителите /старателите да се определат за еден од двата понудени пакета.За таа цел секој ученик ќе добие писмена изјава ,која треба да ја пополни и врати до предвидениот термин кај кл.раководител

Пакет „А“Пакет „Б“
МатематикаТехнологија на кофекционирањеТехнологија на кофекционирањеКонструкција и моделирање на облека
ХемиjаКонструкција и моделирање на облекаПрактична наставаПрактична настава
Ви посакувам пријатен и корисен избор