понеделник, 27 април 2009 г.

ИЗБОРНА НАСТАВА

Почитувани ученици!
Како што знаете во наредната учебна 2009/10 година,ќе преминете во трета година.
Според наставниот план за трета година конфекциски техничар (КТ),освен општо и стручно образование и практична обука како задолжителна настава,застапена е и изборна настава.
Во делот на изборна настава се застапени предмети од
  • општо образование (Математика и Хемија)
  • стручно образование (Технологија на конфекционирање,Конструкција и моделирање на облека)
  • практична обука (Практична настава)
групирани како пакет „А“ и пакет „Б“со 2 часа неделен фонд за секој предмет од пакетот односно 4 часа неделен фонд за секој пакет.Пакет „Б“ се состои од три можни подпакета од кои одбирате еден.Види табела подоле
До крајот на месец мај,учениците потребно е во консултации со родителите /старателите да се определат за еден од двата понудени пакета.За таа цел секој ученик ќе добие писмена изјава ,која треба да ја пополни и врати до предвидениот термин кај кл.раководител

Пакет „А“Пакет „Б“
МатематикаТехнологија на кофекционирањеТехнологија на кофекционирањеКонструкција и моделирање на облека
ХемиjаКонструкција и моделирање на облекаПрактична наставаПрактична настава
Ви посакувам пријатен и корисен избор

сабота, 14 март 2009 г.

АКЦИЈА „ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“

Голем минус за учениците од II КТ1,за учеството во акцијата:„Засади ја својата иднина“.
Само присутните на сликата го обелија образот



вторник, 10 март 2009 г.

КОЈ ШТО РЕКОЛ

Не е најголема будала оној што не знае да чита,туку оној што мисли дека се што ќе прочита е вистина
(Иво Андриќ)
Кој сака нешто да научи ќе најде начин,кој не сака ќе најде изговор
(Пабло Пикасо)
Кога бев млад,мислев дека парите се најважна работа во животот,сега кога сум стар,знам дека се.
(Оскар Вајлд)
Кој ласка,знае и да клевети
(Наполеон Бонапарта)
Напорната работа без дарба е беда ,ама дарба без напорна работа е трагедија
(Алберт Ками)

петок, 27 февруари 2009 г.

„КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОJ УЧЕНИК“


Како да ги зачуваме компјутерите во училница?

петок, 20 февруари 2009 г.

МОЕТО УЧИЛИШТЕ


„СОУ„Димитар Мирасчиев“-Штип,се наоѓа во централното градско подрачје,на улица „Вита Поп-Јорданова“ бр.2, и денес едуцира кадри од текстилно-кожарската струка.
контакт телфон
032 390 591 Секретар
032 397 970 Директор
e-mail: es_dm_st@mail.net.mk
web site: www.dimitarmirasciev.mt.net.mk

- Основано е во учебната 1956/57 година, како техничко текстилно училиште за потребите на тогашната фабрика за предење на памук „Македонка“ меѓу работниците и граѓаните позната како предара.
- Од учебната 1961/62 година се трансформира во училишен центар за образование на кадри од текстилна струка.
- Од учебната 1999/2000 година,училиштето е верифицирано и за кожарска струка за образовниот профил Техничар за обувки.
- Од учебната 2004/05 година,се трансформира во училиште за едуцирање на кадри од текстилно-кожарска струка ,за образовните профили со четиригодишно траење:
  • Kонфекциски техничар
  • Tекстилен техничар
  • Tехничар за обувки

сабота, 14 февруари 2009 г.

сабота, 24 јануари 2009 г.